Правила за учество во програмата за лојалност и политика за собирање поени
Член. 1
Организатор на програмата за лојалност е АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, Рег.број 4053575
Член 2
Програмата на лојалност подразбира регистрирање на потрошувачите во систем и евиденција на нивните остварени поени со цел добивање на подарок игра KIDS VITS Авантура и/или подарок KIDS VITS тематски карти за играта.
Член 3
Поените се собираат со секое купување од следните Becutan KIDS VITS производи: (Becutan KIDS VITS Мултиимуно, Becutan KIDS VITS Мултиомега-3, Becutan KIDS VITS Б-комплекс, Becutan KIDS VITS Мултивитамини) во сите продажни места (аптеки) на територијата на Република Северна Македонија, преку сликање на фискалната сметка и прикачување на сликата во соодветното обележано поле на самата веб апликација.
Член 4
За купени производи Becutan KIDS VITS во вкупен износ од 10 поени, согласно доле наведениот систем на бодување, се добива подарок игра KIDS VITS Авантура.
За купени производи Becutan Kids Vits во вкупен износ од 6 поени, согласно доле наведениот систем на бодување, се добива подарок тематски карти KIDS VITS Авантура.
За купен производ Becutan Kids Vits Мултиимуно се добиваат 4 поени.
За купен производ Becutan Kids Vits Мултиомега-3 се добиваат 6 поени.
За купен производ Becutan Kids Vits Б-комплекс се добиваат 2 поени.
За купен производ Becutan Kids Vits Мултивитамини се добиваат 2 поени.
Член 5
Поените се собираат кумулативно, со секое следно Ваше најавување и приложување на фискалната сметка се собираат со претходно остварените поени. Поените се користат исклучиво за добивање на подарок игра KIDS VITS Авантура и/или тематски карти. Поените кои остануваат по добивање на подарок игра и/или тематски карти, остануваат да се искористат до 31.12 истата година. Поените не можат да се заменат за готовина.
Поените не можат да се подарат, да се префрлат, или на друг начин, да се направат достапни за кое било друго лице, освен за лицето кое е регистрирано во програмата за лојалност. Една фискална сметка смее да искористи само едно лице за да добие поени на својот кориснички профил. Доколку се забележи иста фискална сметка да се прикачи кај различни профили ќе се земе во предвид само кај прво поставениот. Истото се смета како злоупотреба на програмата за лојалност.
Член 6
Поените кои се собираат со купување на Becutan Kids Vits производи за добивање на подарок игра и/или тематски карти, може да ги искористите до крај на тековната календарска година. Секоја година на 01.01 се бришат неискористените поени собрани до 31.12 претходната година.
Член 7
Со учеството во програмата за лојалност, вие како учесници се согласувате дека вашите лични податоци ќе бидат обработувани од страна на Организаторот за целите на предметната програма за лојалност. За испраќање награди ќе се користат личните податоци обезбедени директно од вас во програмата за лојалност. Организаторот ќе ги користи доставените лични податоци исклучиво за контактирање со вас со цел да се договори за испорака и доставување на наградата. Вашите лични податоци ќе се обработуваат исклучиво во согласност со прописите за заштита на личните податоци, заради спроведување на програмата за лојалност само во оној обем и време колку што
е неопходно за исполнување на целта. Како учесници во програмата, можe во секое време да побарате да ви се овозможи пристап до вашите лични податоци, корекција, право на преносливост на податоците, право на приговор и бришење, или може да ја повлечете согласноста за нивна натамошна обработка со испраќање на барање до Организаторот на е-маил адреса [email protected], или со користење на еден од следниве обрасци ЛИНК. Молам да имате предвид дека остварувањето на некои од овие права може да резултира со неможност за понатамошно учество во програмата за лојалност. Податоците се чуваат до повлекување на согласноста или додека не се постигне целта за која се собрани податоците. Со учество во програмата за лојалност, пристап до вашите лични податоци може да имаат даватели на услуги кои ги извршуваат задачите во име на Организаторот поврзани со програмата за лојалност, кои што договорно се обврзани да ги преземат сите технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци. Како учесници, ќе бидете целосно одговорни за вистинитоста и точноста на информациите и податоците што ги давате на Организаторот.
Член 8
Со регистрирација во системот и евиденција на остварените поени со цел добивање на подарок игра KIDS VITS Авантура и/или подарок KIDS VITS тематски карти за играта ги прифаќате овие Правила на програмата за лојалност.
Член 9
Организаторот не е одговорен за евентуална штета, која би можела да произлезе од користењето на подароците од оваа програма за лојалност.
Организаторот го задржува правото да ја прекине програмата за лојалност пред крајниот рок утврден со овие правила, како и да ги промени одредбите од овие правила, за што потрошувачите ќе бидат известени преку веб-страницата https://kidsvitsavantura.mk/.
Член 10
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците во програмата за лојалност, надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.